AAA

SUPROMEDIA | 10.10.2017 12:05 > 10.10 12:52

Проект СУПРО МЕДИА (SUPRO MEDIA) – Поддршка и заштита на слободата на медиумите на Западен Балкан

Медиумскиот центар Бета (МБЦ) спроведува проект СУПРО МЕДИА (SUPRO MEDIA) – Поддршка и заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување на Западен Балкан. Проектот опфаќа 24 мултимедијални приказни, се реализира во четири земји, на четири јазика (српски, албански, македонски и англиски).

Партнери на МБЦ на проектот се: агенцијата Бета Пресс (Белград), Медумската организација KosovaLive (Приштина), Телевизија Телма (Скопје) и блогерот Слободан Васковиќ (Бања Лука).
Октомври е подготвителен месец за реализација на проектот, а продукцијата трае десет (10) месеци и се реализира во периодот ноември 2017-август 2018. Секој пратнер произведува по шест мултимедијални приказни (текст, видео, аудио) врз основа на договорени теми. Партнерите ќе работат прилози на исти теми, секој од својата земја, со цел согледување на состојбата, споредување во движењето на процесот и размена на искуства.

Медиумскиот центар Бета и партнерите на проeктот редовно ќе ги известуваат целните групи на проектот и јавноста во регионот, за темите и реализираната продукција, начините за нејзино преземање и понатамошно користење и споделување.

Продукцијата на проектот има посебна страница на сајтот www.beta.rs  со наслов ПОДДРШКА НА МЕДИУМИТЕ (или SUPRO MEDIA). Покрај ова, агенцијата Бета преку своите сервиси за вести, бесплатно ќе ја дистрибурира продукцијата на корисничката мрежа и на својата публика. Продукцијата ќе биде споделувана и преку социјалните мрежи на Бета и порталот EuroActiv Србија (www.euroactiv.rs), на српски и на аглиски јазик. Медиумската организација KosovaLive продукцијата ќе ја постави на својата веб страница www.kosovalive.com  и www.kosovalive.org, бесплатно ќе ја споделува преку своите сервиси на корисничката мрежа и преку социјалните мрежи, на албански и англиски јазик. ТВ Телма продукцијата ќе ја постави на својот сајт на македонски, и секогаш кога е можно и на англиски јазик. Блогерот Слободан Вaсковиќ на својот блог ќе ја поставува мултимедијалната продукција на српски јазик http://www.slobodanvaskovic.blogspot.ba/
Оваа продукција е поддржана од Европската унија и е дел од програмата „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување на Западен Балкан“, кој го реализираат Здружението на новинари на Хрватска како дел од проектот „Регионална платформа за заговарање на слободата на медиумите и сигурноста на новинарите на Западен Балкан“, кој се спроведува преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија: Независно здружение на новинарите на Србија, Здружение на новинари на БиХ, Хрватско новинарско душтво, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми Црна Гора.

KOMENTARI

Broj komentara : 0

Vaše ime*


Vaš e-mail


Vaš komentar*



otkucano 0 od ukupno 1500 karaktera.