AAA

SU-PRO-MEDIA | 15.08.2018 11:40 > 15.08 11:44

(Не)постоечка комуникација меѓу јавните сервиси и граѓаните во Србија


Влијанието на граѓаните врз уредувачката политика на јавниот сервис во Србија, традиционално, се сведува на улични протести, обично организирани на повик на политичките партии. Постојат и други модели на влијание на програмата на јавниот сервис врз основа на закон, но тие никогаш не се разработени на соодветен начин и граѓаните со кои разговаравме не знаат многу за нив.

"Сите овие години колку и да сугерираа граѓаните што би сакале да гледаат, ништо не се промени", вели студентка која ја анкетиравме.

"Не гледам РТС, не гледам ништо, гледам интернет", вели анкетирана жена на возраст измеѓу 30 и 40 години.

"Можеби кога многу граѓани, евентуално, би реагирале на нешто, можеби нешто би смениле", вели друга граѓанка на возраст меѓу 50 и 60 години.

Новинарката Маја Дивац смета дека комуникацијата меѓу јавниот медиумски сервис и граѓаните во Србија речиси не постои.

"Препораките на Советот на Европа и воопшто на медиумската регулатива се дека таа комуникација мора да биде секојдневна, отворена, динамична. Таа комуникација е потребна, а ние ја немаме", вели Дивац.

Таа е автор на истражувањето „Граѓаните и јавниот медиумски сервис: Модели на граѓански надзор врз јавниот медиумски сервис“ и според неа, без квалитетна комуникација со граѓаните,нема ни добри јавни сервиси.

 "Јавниот медиумски сервис постои заради тоа. Тоа е медиум кој треба да биде на услуга на граѓаните, да им овозможи квалитетно и објективно информирање, јавна дебата, соочување на мислења, да им овозможи да бидат информирани и да можат да гледаат едукативни програми, програми од културата. Тоа е улогата на јавните медиумски сервиси и тој модел е препознат во цела Европа како модел на медиуми кои треба да се поддржат и да се одржат", објаснува Дивац.

За сега, граѓаните во Србија можат да комуницираат со јавните сервиси преку е-маил и телефоните на сајтот на телевизиите, но без обврски на јавниот сервис да одговори или да ги уважи. Граѓаните велат дека, главно, се незадоволни од информативната програма.

 "Ако зборуваме за информативните емисии, премногу се крути, тврди, формални, државни, составени по некоја предвидлива хиерархија. Знаете што ќе биде уште пред да ја слушнете веста", вели граѓанин на возраст меѓу 50 и 60 години.

"Едноличност, неинвентивност, кадровската политика пред се и една незаинтересираност на луѓето бидејќи не е се во парите", оценува друг граѓанин над 60 години.

Една од клучните препораки во анализата на Маја Дивац е воспоставување заштитник, односно народен правобранител за гледачите. А, токму таква институција наскоро би можела да биде воведена на РТС.

"Тоа во суштина би била емисија, лице кое би ја водело емисијата која се однесува на самиот квалитет на програмата и тука на многу конкретно и директно ниво, луѓето би можеле да испраќаат коментари, а омбудсманот би требало да ги анализира тие коментари и да види кој е најбрз и наједноставен механизам да се унапреди програмата и тоа би било континуирано", објаснува Јованка Тодоровиќ Савовиќ од Програмскиот совет на РТС.

Омбудсманот е еден вид гаранција дека медиумите ќе ги исполнуваат своите обврски кон публиката и таа пракса веќе постои во Словенија, Франција, Португалија, Шпанија. Во 2011 година, ХРТ воведе Повереник за корисниците на услуги кој го именува Програмскиот совет на јавниот сервис. Еден од најголемите сервиси во светот БиБиСи нема омбудсман, но има оддел за поплаки на гледачите кој секојдневно комуницира со своите корисници, што е главна причина за квалитетот и успехот на БиБиСи.

"Тие во просек примаат 3000 е-маилови од граѓани и постојат служби кои секој ден, 24 часа, многу телемно се занимаваат со тие прашања и сугестии, така што секое утро, од сите пристигнати сугестии од граѓаните се прават документи со најважните точки кои потоа кружат низ целата редакција БиБиСи и на тие сугестии се одговара преку службата која комуницира со јавноста", објаснува Дивац.

На српските граѓани им е дадена можност да учествуваат на јавните расправи кои ги организираат Програмските совети на РТС и РТВ. Законски, треба да се одржи барем една таква дебата, а минатата година јавните сервиси организираа по четири јавни расправи.

 "Тие јавни расправи изгледаат така што практично луѓето од самите јавни сервиси ги користат за да ја претстават својата програма, да го претстават она на што работат. Тоа не е добар начин бидејќи тие зборуваат, не слушаат што мислат граѓаните за тие програми", критична е Дивац.

Луѓето во Програмските совети се свесни дека јавните дебати не ја исполнуваат својата цел. Не само што се лошо организирани, туку за нив се знае малку, а препораките на граѓаните остануваат мртви букви на хартија.

 "Не можам со сигурност да тврдам дали критиките се уважени, бидејќи по претходниот циклус јавни расправи видовме забелешки од граѓани, тие беа пренесени на Управниот одбор, а дали го почувствуваме тоа во програмата, тоа не можам да кажам бидејќи комуникацијата со раководството на куќата е на тоа ниво што ние како Програмски совет веќе една година не сме добиле извештај за гледаноста, а не некои подетални анализи за содржината на програмата", вели Милош Катиќ од Програмскиот совет на РТВ.

"РТС има слух и сака да ги слушне обичните граѓани без титула, без професија. И се договоривме следните расправи да бидат во корист на граѓаните, односно 80% од времето да зборуваат граѓаните кои ќе дојдат на јавната дебата, а 20% од времето ние да ја претставиме програмата", вели Јованка Тодоровиќ Савовиќ.

Како што наведоа од Програмските совети, се планира медиумска кампања која би можела да почне од септември за што повеќе граѓани да се вклучат во јавните дебати.

"За Програмскиот совет тоа не е само исполнување на формата. Навистина се трудиме да ги организираме дебатите на потребното ниво. Бројноста на јавните расправи би придонела препораките кои одат на Управен одбор да се базираат на што поголем примерок кој би бил порелевантен за препораките околу унапредување на програмските содржини", вели Катиќ.

"Морам да кажам дека немавме конкретни акти односно конкретни чекори. Заклучоците од седниците повеќе беа советодавни, така што препораките сега ќе бидат многу конкретни, ќе имаат некој временски рок и одговорно лице. Ако така не ги поставите работите, како што се случува често, особено ако не е горко прашање, тоа ќе заврши и пред реализацијата", вели Тодориќ Савовиќ.

Законот предвидува јавните сервиси да поднесуваат извештај за својата работа на Собранието и на регулаторното тело за електронски медиуми. Но, парламентот уште не ги разгледал, а регулаторното тело на седница во март, само ги усвои извештаите, без да даде коментари

KOMENTARI

Broj komentara : 0

Vaše ime*


Vaš e-mail


Vaš komentar*



otkucano 0 od ukupno 1500 karaktera.